“Лек” за брз напредок! За 3 години во Кина казнети 1 милион корумпирани чиновници

од desk3

Над 1 милион кинески функционери биле казнети поради барање или примање мито само во последните 3 години, објави ББС. 409 лица се обвинети за корупција, но во моментот се кријат од правдата.

61092407

Меѓу осудените има како ситни чиновници, така и министри, бизнисмени, медиумски шефови. Службите на земјата активно бараат осомничени и во странство.

Податоците беа објавени во пресрет на пленум на кинеската компартијата во Пекинг.

Кина воспостави минимален износ на мито, за кој се дава смртна пресуда . По некои од висок профил корупциски дела во земјата беа изречени смртни казни со одложено извршување, кои во Кина обично се заменуваат со доживотни

Претседателот Си Дзинпин повеќепати истакна дека борбата против корупцијата на сите нивоа на државната администрација е негов клучен приоритет, но неговите критичари тврдат дека тоа е начин шефот да се расправа со политичките ривали.

Се претпоставува дека на тековниот зад затворени врати форум, Си ќе се обиде да помогне за промени во правилникот на партијата, кои ќе му даваат поголема контрола над неа.

Слични содржини