“Лекари без граници”го сопира спасувањето мигранти во Средоземното Море

од desk2

Невладината организација “Лекари без граници” ја запира мисија за спасување мигранти во Средоземното Море поради дејствијата на Либија и Италија.


“Ја сопираме нашата дејност, бидејќи чувствуваме сериозна закана од либиската крајбрежна стража. Не може да се изложуваме на опасност ние и нашите колеги “, изјави директорката на италијанскиот огранок на организацијата Лорис де Филипи.

Според неа либиската крајбрежна стража побара од невладините организации да ја напуштат територијата на неколку стотици километри од крајбрежјето на земјата.

Досега ним им се дозволуваше се одржуваат спасувачки операции на 11 наутички милји од либискиот брег. Филипи, исто така, повикувајќи се на законот за НВО на Италија кои се занимаваат со спасување на мигранти, реле дека Рим се меша во мисијата за спасување на луѓето со намера да ја намали миграцијата./TASS

Слични содржини