Леонард Коен – вистински сонувач, еден од највредните и продуктивни визионери во светот на музиката

од Vladimir Zorba

Канада и светот го оттагуваат Леонард Коен – еден од најпочитуваните и неповторливи поети и музичари на неговата генерација, еден од највредните и продуктивни визионери во светот на музиката. 5156686Тажната вест за смртта на 83-годишниот Коен, беше споделена преку порака на неговиот сајт и на страницата на Фејсбук.

“Со длабока тага ве известуваме дека легендарниот поет, текстописец и уметник Ленард Коен почина. Го загубивме еден од најпочитуваните музичари и сонувачи “, пишува на Фејсбук.

Коен израснал во Монтреал, Канада, но подоцна живее во Калифорнија.

Премиерот на Канада Џастин Трудо го опиша Коен како “извонреден жител на Монтреал”. Во изјавата Трудо наведува:

“Ленард, ничија друга поезија и музика не звучеа и не делуваат како твоите. Ќе ни недостигаш “.

Коен беше близок пријател на таткото на Џастин – Пјер Трудо. Градоначалникот на Монтреал Денис Кодор нареди знамињата да бидат половина спуштени во меморија на Коен. Во Твитер Кодор напиша дека си отишол “еден од најголемите амбасадори на Канада и нејзина фигура-обележје”.

Десетици обожаватели се собраа спонтано со запалени свеќи и цвеќиња околу домот на Коен во Монтреал по веста за смртта. Млади и стари, фановите на Коен ја озвучија околината со негови песни, кои одекнуваа од смартфоните.

Последниот албум на Коен “You Want It Darker” излезе минатиот месец. Музичката академија, која во 2010 година го удостои Коен со “Греми” за животно дело, го уважи како “еден од најголемите длабоко најпочитувани поп поети и референтна точка за многу текстописци”.

Силви Симонс, која е биограф на Коен, напиша на Фејсбук: “Тој почина откако создаде ремек-дело.

“You Want It Darker” е еден од најбогатите, длабоки и убави албуми во креативноста на богат, длабок и убав автор. Толку многу приказни за музичари имаат тажен крај, но не и овој за Ленард. Тој беше подготвен, не се двоумеше кога веќе беше завршено посакуваното. Ја познаваше темнината, гледаше право во нејзините очи и дури наоѓаше забава во сето тоа “.

Симонс го цитираше Коен веејќи дека “светот е полн со конфликти и работи кои нема како да бидат помирени, но има и моменти кога можеш да се оттргнеш  одцелата оваа збрка”.

Британката Џеј Кеј Роулинг напиша дека “Во секое нешто има пукнатина. Но само така светлината може на проникне “. Менаџерот на Коен Роберт Кори истакнува: “Неспоредлив во своето творештво, увидна и нагла отвореност, Леонард Коен беше вистински сонувач”.

5156687Во неклорогот за Коен британскиот “Гардијан” се враќа во неговата книга Beautiful Losers (1966), која го натерала американскиот весник “Бостон глоуб” да извика: “Џејмс Џојс не е мртов. Тој живее во Монтреал под името Коен”.

Самиот Коен признава: “Отсекогаш сум сакал рок. Се сеќавам на првиот пат кога го слушнав Присли, колку задоволен и благодарен се чинеше дека сето она што беше внатре во нас и во него после толку долго конечно доби специфичен израз “.

Во последните години од својот живот Коен станува зен монах и живее осамено во манастир во Калифорнија, каде го нарекуваат Молчаливиот. Како што забележува “Гардијан”, обожавателите често бараат духовни насоки од идолите, но Коен беше редок пример на идол, кој навистина можеше да им ги даде.

Слични содржини