Леонардо ди Каприо донираше 20 милиони долари за активности во животната средина

од Vladimir Zorba

Леонардо ди Каприо донираше 20 милиони долари преку својата еколошка фондација. Оскаровецот, кој ја основаше својата фондација во 1998 година, рече дека износот ќе биде дистрибуиран на повеќе од 100 организации посветени на одржливоста на животната средина.

Говорејќи на конференција за климатските промени на Универзитетот Јеил во Њу Хевн, Конектикат, рече: “Горди сме да ја поддржиме работата на над 100 организации во земјата и странство. Овие корисници се активни на место, ги заштитуваат нашите океани, шуми и загрозени видови за идните генерации и се справуваат со најитните, егзистенцијални предизвици поврзани со климатските промени.”

Долгогодишниот еколог истакна дека инвестициите во овие организации можат да помогнат во изградбата на “посветла иднина за сите нас”.

Холивудската ѕвезда објасни: “Постојат многу докажани технологии за обновлива енергија, чист транспорт и одржливо земјоделство, за да можеме да почнеме да создаваме посветла иднина за сите нас”

Слични содржини