Леонардо ди Каприо ќе го глуми Леонардо да Винчи во биографски филм за уметникот

од desk2

Откако го освои Оскарот за “The Revenant”, Леонардо ди Каприо се повлече од сцената и не глумеше во ниту еден филм.


Деновиве се договори за улога со Мартин Скорсезе во “Killers of the Flower Moon” и во филмот „The Black Hand” чие снимање трба да почне следната година. Во моментот работи на биографскиот филм кој го снима Парамаунт, каде Ди Каприо го глуми Леонардо да Винли, легендарниот уметник.

Paramount се избори за авторските права и го победи Universal, за што потроши милион долари.

Ди каприо го добил името по Да Винчи, затоа што како бебе во утробата на мајка му удирал по ѕидот од матката додека таа ги гледала делата на уметникот во галеријата Uffizi во Италија.

Филмските критичари велат дека оваа улога е како створена за Ди Каприо.

Филмот ќе се работи според книгата на Валтер Исаксон, кој е познат по пишување биографски дела за Алберт Ајнштајн, Стив Џобс, Бенџамин Френклин и други славни личности.

„Леонардо да Винчи“ годинава ќе биде прикажан на 17 октомври.

Слични содржини