Леонардо Ди Каприо лансира нов тренд: кеса за ѓубре на колкот

од Vladimir Zorba

Популарниот холивудски актер Леонардо ди Каприо лансираше нов моден тренд, наместо торба тој закачи на појасот виолетова кеса за ѓубре, констатира списанието W magazine.

Носителот на “Оскар” го користел необичниот додаток, за да си ги стави во него својот смартфон, тефтер и клучеви.

Модните изданија тврдат дека со однесувањето Лео ќе стане законодавец на редниот “несериозен” стил.

Но многумина истакнуваат дека слични однесувања можат да си дозволат само богатите и славните, а не смртните мажи кои веднаш би изгледале како бездомник со таков изглед.

Откако сепак коцката беше фрлена, сега дозволените нешта стануваат повеќе.

Веќе и “нормалните мажи” ќе можат да си врзат пластична кеса на појасот и да тврдат дека ги “следат чекорите на Лео”, пишува весникот.

За време на прошетката со кесата, ѕвездата била во друштво на мистериозна русокоса.

Слични содржини