Лесни и брзи пирошки со готови кори

од desk2

Подгответе лесни, брзи и вкусни пирошки со готови кори. Овој рецепт нема да ви одземе многу време, а резултатот ќе ги задоволи вкусовите на целото семејство.

Состојки:

пола килограм готови кори

300 грама шумка

300 грама кашкавал

300 грама печурки

200 грама кисела павлака

300 грама газирана вода

100 грама презла

1 јајце

Подготовка:

-Сите состојки се мешаат добро.

-Потоа се редат две кори една врз друга, потоа се нанесува од филот по должина.

-Корите се мотат во ролат и се сечат по 30цм должина и стават во замрзнувач за да замрзнат.

-Замрзнатите пирошки се вадат од фрижидер и веднаш се пржат без да се чекаат да одмрзнат.

-Прво се потопуват во газирана вода па во јајце потоа во презлата и се пржат во загреано масло на умерена температура само неколку минути.

-Кога ќе поруменат од двете страни се сервира.

Пријатен апетит.

Слични содржини