Летни приказни со Или-Или

од Vladimir Zorba

Од вторник, 27 јуни, започнува осмото издание на „Летни приказни со ИЛИ-ИЛИ“, во чии рамки љубителите на квалитетната литература ќе имаат можност во книжарницата ИЛИ-ИЛИ да ги купат изданијата на оваа издавачка куќа со попуст од -20% до -70%.Од новиот превод на Георги Господинов, збирката раскази „И сè стана месечина“, преку книгите на авторите кои овој месец гостуваа и во Скопје, Бруно Амарал („Првобитните нешта“) и Филип Флоријан („Малите прсти“), па сè до новите изданија на домашните писатели, „Одбројување“ на Фросина Пармаковска, „(Со)шиени раскази“ на Оливера Ќорвезироска и „Три дена во Париз“ на Емил Крстески, читателите  до 2. септември ќе имаат можност да ја збогатат својата домашна библиотека со преку 100 ИЛИ-ИЛИ наслови со намалени цени.

Во текот на „Летни приказни“ понудата ќе биде надополнета и со неколку нови изданија, чии автори во текот на летото ќе гостуваат и во Скопје на промоција на истите. Имено, наградуваниот роман „Род“ на Миљенко Јерговиќ веќе е во подготовка и на крајот на август ќе ја доживее својата промоција, како и прекрасниот роман „Крај“ на унгарскиот книжевен маг Атила Бартиш.

Исто така, ова лето ќе биде заокружена и неформалната трилогија на популарниот англиски писател Дејвид Мичел, кој по успехот со „Атлас на облаците“ (екранизиран од браќата Вачовски) и „Илјадагодишната есен на Јакоб де Зут“, љубителите на неговите книжевни дела ќе можат на македонски јазик да ја прочитаат и книгата „Коскени часовници“, можеби највозбудливото издание на Мичел досега.

 

Слични содржини