Левица Куманово не влезе во Советот, и недостигале гласови

од desk4

Левица Куманово денеска преку соопштение до медиумите им се заблагодари на сите што гласале за Левица на локалните избори. Во соопштението се наведува дека граѓаните на Куманово ја препознаваат искреноста на активистите и членовите на Левица во борбата за реални промени, во борбата за социјална правда и права на работниците и обесправените.

– За тоа сведочи фактот дека на локалните избори Левица во Куманово имаше приближно двојно повеќе гласови отколку на парламентарните избори во декември 2016 година. За жал, само 54 гласа недостасуваа за Левица да има претставник во Советот на Општина Куманово. Левица освои советници во Советот на општините Карпош и Росоман и во Советот на Град Скопје. Меѓутоа, гласот даден за Левица во никој случај не е изгубен глас, гласот за Левица е цврста потпора за таа да биде силна опозиција, чиишто критики ќе бидат сериозно сфатени од страна на локалната власт, се наведува во соопштението.

Од Левица Куманово му препорачаа на новиот градоначалник и членовите на Советот на општината Куманово дека будно ќе ги следат сите постапки на локалната самоуправа и остро ќе реагираат секогаш кога ќе работат спротивно на интересите на граѓаните.

Слични содржини