Левица: Не постои изум за легитимирање со употреба на лисици, полицијата направи кривични дела

од Vladimir Zorba

За вчерашниот инцидент кај ГТЦ кога полицијата спречи демонстrанти да истакнат транспарент со „Против војната за профити“, Левица вели дека е неумесен министерскиот обид за замајување на јавноста дека тоа било обично легитимирање, информира Радио МОФ.

„Во правната пракса не постои таков изум на легитимирање со употреба на лисици. Во случајот се прекршени најмалку три правни акти. Прво е прекршен Уставот на Република Македонија, кој во членот 21 изричито предвидува дека правото на мирен протест е неприкосновено и може да се ограничи само во услови на воена и вонредна состојба. Вчера во РМ немаше ниту воена, ниту вонредна состојба, така што не постои жива сила која може да го ограничи правото на протест. Второ, прекршен е Законот за јавни собири и, трето, прекршен е Правилникот за вршење на полициски работи, односно Правилникот за вршење служба на МВР“, рече Димитар Апасиев од Левица на денешната прес-конференција.

Според Апасиев, униформираната полиција и припадници на специјалните сили во маскирни униформи направиле класифицирано дело. Односно две кривични дела, од кое едно е „смеќавање на мирен протест„, за кое, вели тој, доколку го направи службено лице е предвидена казна затвор од три месеци до три години.

„Второто кривично дело е противправно лишување од слобода, бидејќи не е направен никаков записник, бидејќи полицијата мислела дека не постојат снимки. За ова дело, доколку го стори полицаец, е предвидена казна од шест месеци до пет години затвор“, рече Апасиев.

На прес-конференцијата зборуваше и уште еден член на Левица, Гораст Муратовски. Тој раскажува како вчера се собрале да протестираат против настанот што го окарактеризира како покажување воена сила од војниците на АРМ и војската на САД. Тргнале од централнот скопски плоштад кон Портата „Македонија“ и биле сопрени од еден ред обични полицајци, а позади нив еден ред од Единицата за брзо распоедување (ЕБР).

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини