Левица: Платформата на албанските партии е провокативна и беспредметна

од Vladimir Zorba

На заедничката платформа на албанските партии реагираа од Левица. Оттаму во своето соопштение велат дека во услови кога голем процент од населението во  Македонија живее во сиромаштија, а Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа, земја речиси без социјални програми, заедничката платформа на ДУИ БЕСА и Алијансата за Албанците е провокативнa и беспредметнa.

Од Левица сметаат дека е време да се постават прашањата кои  ги засегаат сите етнички заедници во оваа земја, а тоа се социјалните права.

„Треба  да ги поставиме вистинските проблеми во преден план, не e возможно да зборуваме за било што, кога немаме услови за достоинствен живот, кога голем дел од граѓаните се угнетувани и експлоатирани“, велат од Левица во своето соопштение.

Слични содржини