Левица со кандидати за градоначалници во Центар, Гази Баба и Скопје

од Vladimir Zorba

Партијата Левица на претстојните локални избори ќе настапи со кандидати за градоначалници во три општини: Центар, Гази Баба, како и во главниот град Скопје.

Кандидат на Левица за општина Центар е Александар Митров, во Гази Баба ќе трча со кандидатот Зоран Трпчевски, а во општина Скопје е кандидирана Марија Џонс.

На партијата при вчерашното доставување на кандидатските листи до ДИК, и била вратена советничката листа за општина Ѓорѓе Петров, бидејќи имала повеќе жени од дозволеното. Имено, законот предвидува на советничките листи помалку застапениот пол да има најмалку 40 отсто. Во овој случај, помалку застапен пол бил машкиот, па Левица морала да кандидира за советник уште еден маж за да се стигне до тој процент од 40.

Слични содржини