Лиам Галагер се закачи со помладите колеги

од Vladimir Zorba

Лиам Галагер ја искритикува новата генерација на Rockstar.

Лиам Галагер се закани да се “спротивстави на глупоста” на современата музика и остро ја критикуваше новата генерација рок ѕвезди, соопшти Контактмјузик.

44-годишниот музичар кој ќе го издаде соло албумот “As You Were” во октомври, ги обвини помладите рок изведувачи дека едвај се разликуваат од своите колеги во поп музиката.

“Не можам да разликувам групи со гитара од поп група во денешно време. Носат гитари на вратови, но не ги слушам”, рече тој.

Поранешниот фронтмен на “Oasis” ги испровоцира новите ѕвезди, обвинувајќи ги дека се здодевни и им недостасува страст. Тој ги спореди со фудбалските менаџери кои се кријат зад клишеата, наместо да кажат искрено мислење на навивачите.

“Затоа се вратив. Малку провокација која ќе се спротивстави на глупостите. Затоа сум тука и го изразувам своето мислење”, додаде Лиам Галагер.

“Ништо интересно не им излегува од устите. Страв им е да ги отворат, да не се распаднат незначителните кариери. Тие едноставно стојат како фудбалските менаџери, и зборуваат истите работи. Ајде, покажете ни малку страст”, повика рок легендата колеги.

Слични содржини