Како и по секој протест или контра-протест, митинг или контра-митинг, така и сега се прават пресметки, за тоа кој бил поброен.

protest-vlada-doagjame2-540x112 protest-vlada-doagjame-540x291

По вчерашниот масовен граѓански протест за оставка на Владата, вечерва се одржа контра-протест на ВМРО-ДПМНЕ со цел давање поддршка на Груевски, по сите „бомби“ за криминал и злоупотреби на власта.

krupenkadaar[1]

За да направиме споредба помеѓу двата, ќе ја искористиме пресметката на Никола Ќурчиски објавена на неговиот Фејсбук профил:

11261676_10203871946667195_3106070638143510612_n

Кликнете на фотографијата за поголеми димензии„На gis.katastar.gov.mk ми покажува дека површината на просторот каде што се одржува митингот на ДПМНЕ е 5.336 м2.

Да ставиме максимален број на луѓе по м2 дека се 4, (по BBC стандард, повеќе од 4 луѓе не е реално). Тоа е 5.336 х 4 = 21.334.

Еве да ставиме уште 9.000 луѓе дека се надвор од обележаната површина на сликата, во никој случај не ги прави повеќе од 30.000.

Втората слика е површината на вчерашниот протест од пред Влада.

Истата програма покажува дека површината каде што биле протестантите е 17.766 м2. Еве на тој протест нека биле по 3,5 луѓе на м2 (на овој пред Собрание сметав 4), тоа се 17.766 х 3,5 = 62 181 луѓе.

Нема да додавам плус луѓе на тој протест од 17 мај. Сами оценете каде имало повеќе луѓе. Тоа е моја скромна пресметка“, пишува Ќурчиски.

На Фејсбук се споделува и оваа фотографија.

11142427_10155596033725525_6245128451522296710_n[1]

Како дополнување го објавуваме и Јутјуб видеото на Jane Stefanov кој преку снимката покажува дека толпата на контра-протестот е до крајот на Градска болница, а понатаму има помали групи на луѓе кои незаинтересирано стојат или шетаат по улицата, грицкајќи семки.

А еве дел од видеата од вчерашниот протест за оставка на Груевски:

Сепак, важно е да се напомене дека и за протестот и за контра-протестот имаше огромни притисоци од страна на власта.

За вчерашниот антивладин граѓански натпартиски протест имаше притисоци да не се доаѓа, а со таа цел се упатуваа закани и до граѓаните кои доаѓаа, и до превозниците, па во последен момент беа откажувани десетици автобуси, се поставуваа и препреки на патиштата…

За денешниот контра-протест организиран за поддршка на Груевски, пак, притисоците беа до членството на ВМРО-ДПМНЕ, како и до администрацијата, да мора да дојдат, а во спротивно имало закани со откази.

Дополнително, вчера, иако беше недела работеа повеќе фабрики и конфекции, а денес пак, иако е работен ден, не работеа, а во државната администрација и во училиштата работното време денеска не се испочитува и вработените си одеа порано од работа за да дојдат на контра-протестот.

Веројатно непотребно е да се напоменува дека ниту опозицијата, ниту невладините и граѓански организации не можат никого со сила да донесат на протест, бидејќи немаат со што да се закануваат, за разлика од власта која се заканува со губење на работните места во администрацијата.

Исто така, на вчерашниот протест имаше граѓани од сите етнички и верски заедници, а сплотеноста се чувстуваше и гледаше.

Libertas.mk

Слични содржини