Акцијата за разбивање на протестите на 5-ти мај, според извори од МВР, ја следел и водел лично Груевски кој во нокните часови не заминал дома туку во салата со монитори каде биле вклучени безбедносните камери од настаните пред Владата на Илинденска број , објави  Liberтas

timthumb (54)

Протестите на 5-ти мај кои беа предизвикани од револтот на граѓаните кој го предизвикаа прислушкуваните разговори кои ги објави Зоран Заев – по кои јвноста беше соочена со вистината за сокривањето на убиството на Мартин Нешковски.

Одлуката Јанкуловска да повика провладини телевизии и даде изјава – реакција за објавената бомба за смртта на Мартин Нешковски, била на сугестија лично на премиерот, во обид да ги смири тензиите кај граѓаните предизвикана од начинот на кој власта меѓу себе го коментира убиството и прави план како да го скрие  од јавноста ,давајки и предност на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ за паламентарната изборна победа.

Протестите од мирни во текот на нокта прераснаа во насилни и брутална интервенција на полициските специјалци.

Нашиот извор открива дека премиерот со неколку нему лојални министри меѓу кои и сега разрешената Јанкуловска на почетокот на протестите биле со него во неговиот кабинет.

По торпедирањето на владината зграда со јајца и домати,негде околу 22 паднал договор премиерот и министерката засилени со првиот човек на УБК да ја напуштат владината зграда. Така и направиле,вели нашиот извор, но не заминале дома туку во салата со монитори во МВР каде што се гледа што во моментот снимаат и регистрираат безбедносните камери.

Наредбата специјалците да дејствуваат прво со потиснување, а потоа со тепање и ставање лисици на највоинствените демонстранти, како што тврди нашиот извор,  ја дал од салата со монитори лично премиерот обраќајки му се на началникот Сашо Митевски -Хитлер.

-Да нападнеме -наводно наредил премиерот, и така започнало потиснување на младите протестанти.

Дел од нив биле тепани и им беа ставани лисици бидејќи со лежење на асвалтот ги попречувале водените топови кои им ги испратиле Груевски Јанкуловска и Мијалков да се позиционираат пред владината зграда и да ја почнат акцијата “туширање“ за растерување на толпата. Потоа уследила наредбата специјалците да приведуваат учесници кои се разбегале по уличките и во влезовите на зградите во близииа на владата.

Премиерот и неговите најблиски соработници директно преку мониторите следеле се што се случува ноќта во околината на зградата и судирот на специјалците со младите и нивното тепање и приведување,

МВР од оваа акција пријави повредени полицајци и приведени протестанти. Приведување на учесници со распознавање од видео снимките се одвиваше неколку денови. Кривични пријави за неколкумина протестанти веќе се поднесени и деновиве се закажани и судски рочишта за нив.

МВР и покрај опомената од ОБСЕ и другите меѓународни фактори ја нема прифатено оценката дека нејзините припадници употребиле спрекумерна ила врз учесниците на протестот кој им е загарантиран со устав. Се појавија и видео сведочења на тепани протестанти на улица и во полициски станици, но досега нема пријава за ниеден припадник на специјалните сили употребени во акцијата ноќта по протестите на 5 мај.

Студентскиот пленум побара полицијата да престане со “лов “на учесници на протестите и објави дека владата за нив е нелегитимна и дека ги прекинуваат преговорите за нов закон за високо образование со МОН.

Пленумот се прилкучи на протестите „Граѓаните за Македонија“ и нивни преставници се дел од камперите кои се пред владата чекајќи премиерот да го прифати барањето да си поднесе оставка.

ЛИбертас

Слични содржини