Соочен со неговото заминување од власта Никола Груевски очигледно има потреба да ја објаснува сопствената подготвеност да даде сè и да направи сè само да ја сочува својата фотелја.Лично Никола Груевски и неговите соработници, со криминалното владеење и уништувањето на економијата, демократијата и европската перспектива на земјава се најголемите кочничари за иднината на Република Македонија.

Затоа, повлекувањето на Никола Груевски е државен интерес.

Како предизвикувач на огромните проблеми со коишто се соочуваат Република Македонија и нејзините граѓани, креаторот на политичката и државната криза, Никола Груевски е клучниот дел од проблемот и тој не може да биде дел од решението.

 

Само повлекување на Никола Груевски и формирање преодна Влада којашто ќе овозможи неопходни услови за организирање на фер и демократски избори може да ја нормализира земјата и да ја врати демократската, европската перспектива на Република Македонија.

 

 

Слични содржини