Лидерите на Г-7 подготвени за нови санкции против Русија

од Vladimir Zorba

Лидерите на земјите од Г-7 изразија подготвеност да прифатат нови санкции против Русија поради нејзините дејства во Украина, ако за тоа е потребн, и истовремено го поврзаа укинувањето на веќе постоечките санкции со почитувањето на Минск договори.

Ова се вели во завршната декларација усвоена на крајот од дводневниот самит на групата на седумтте во Таормина на островот Сицилија, пренесе ТАСС.

“Подготвени сме да прифатиме нови рестриктивни мерки, за да ги зголемиме санкциите против Русија , ако нејзините дејства то го наметнат, велат водачите на седумте најразвиени економии во светот (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија).

“Повторно обрнуваме внимание дека рокот на важење на санкциите е поврзан со целосното исполнување на обврските на Русија, кои се во рамките на Минск договори и почитување на суверенитетот на Украина. Санкциите можат да бидат симнати ако Русија ги исполни своите обврски”, додадоа лидерите на Г -7.

Сепак тие ја нагласуваат важноста на интеракцијата со Русија.

“И покрај несогласувањата ние сме подготвени на интеракција со Русија за решавање на регионалните кризи и заеднички предизвици, кога тоа е во нашите интереси”, се истакнува во соопштението. Лидерите на Г-7 најавија и подготвеност да соработуваат со Русија за решавање на конфликтот во Сирија.

“Подготвени сме да ги зголемиме напорите во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија, особено против” Исламска држава “и Ал Каеда. Победата против тероризмот сепак ќе е невозможна без политичко решение”, се вели во завршната декларација од самитот.

Малку пред тоа лидерите на земјите од Г-7 дадоза заедничко соопштение односно во завршното коминике од самитот во Таормина дека не успеале да ги надминат разликите за климатските промени и САД не можат да се приклучат на останатите во посветеноста кон договорот, пренесоа агенциите.

“Соединетите Американски Држави се во процес на ревизија на политиката за климатските промени и на договор и затоа не се во позиција да се приклучат на консензусот по овие теми”, пишува во соопштението.

“Однесувајте се со разбирање кон овој процес, рекоа претседателите на влади на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија и претседателите на Европскиот совет и Европската комисија ја потврдуваат силната посветеност да ги исполнат обвсрките од договор”, се додава во документот.

Декларацијата не вклучува линкови до можноста за поставување на “јасни граници” на миграцијата, како се предвидуваше во претходните проекти, дополнува ДПА.
“Потврдуваме дека суверените права им припаѓаат на државите поединечно и заедно да ги контролираат своите граници и да воведат политики кои се од свој национален интерес и национална безбедност”, е наведено во соопштението.

Слични содржини