Лидерска средба за предлозите на Нимиц?!

од desk2

Во сабота ќе се одржи средба на државниот врв и на лидерите на најголемите политички партии на која премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ќе информира за текот на разговорите за името.

На средбата, според дел од медиумите, ќе присуствуваат и претседателот на државата Ѓорге Иванов, Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Али Ахмети.

Од кабинетот на претседателот за Канал 5 потврдуваат дека има иницијатива од министерството за надворешни работи за координативен состанок со цел да се информираат релевантните политички партии за предлогот на Нимиц, но велат дека засега до кабинетот не е пратена потврда за терминот и местото каде би се одржала средбата.

Од кабинетот на претседателот велат дека Иванов е подготвен да присуствува на оваа средба./Kanal 5

Слични содржини