Лидија Неделкова бара соочување со Судскиот совет пред јавноста

од Vladimir Zorba

Експретседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова најави дека утре наутро, пред почетокот на седницата на Судскиот совет на која ќе се разгледуваат приговорите од кандидатите за претседатели на судовите кои се незадоволни од вонредното оценување, ќе побара да присуствува лично, но ќе бара и јавност на седницата.

Неделкова за „Сакам да кажам“ вели дека од  Судскиот совет ќе бара одговор зошто во вонредното оценување не ѝ ги признава научните трудови што ги објавила во странски списанија со меѓународен импакт фактор, зошто ѝ се дадени само 185 бодови од вкупно 190.

– Бидејќи судството е транспарентно, а тоа постојано го зборува не само претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, туку и претходните претседатели, очекувам расправата по приговорите поднесени од кандидатите за претседател на Врховниот суд да биде јавна, пред публика, односно пред новинарите. Очекувам дека Судскиот совет ќе го прифати моето барање утре пред почетокот на седницата- вели Неделкова.

Слични содржини