ЛИЛЕ ПОПОВСКА СЕ ОТКАЖА ОД ПРАТЕНИЧКАТА КАНДИДАТУРА, МУХИЌ ВЕЛИ ДЕКА ПОБАРАЛ САМО ДА ОСТАНЕ НЕЗАВИСЕН

од Vladimir Zorba

Лилјана Поповска-ппретседателката на партијата ДОМ, информираше дека се откажува од пратеничкото место на листата на СДСМ.

“Се откажувам од пратеничкото место, а за ова ќе го известиме и СДСМ. Ќе се борам со подеднаква страст од друга позиција која сега се смета за недобитна. Се имам откажано од повеќе функции досега. Никогаш не сум жалела за моите постапки, нема ни сега” рече Поповска.

Поповска беше позиционирана на четврта позиција во 3-тата изброна единица, по што следуваше жесток притисок од јавноста.

lile-ferid-2
Оспорувана од јавноста беше и кандидатурата на професорот Ферид Мухиќ.

„Да бидам кандидат за пратеник ме покани лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Јас само побарав да останам независен, на што тој се согласи и, ете, се најдов на листата“, изјави за „Мета“ професорот Ферид Мухиќ, за чие име, откако излезе во јавноста со големи шанси за иден претставник во Собранието, имаше многу реакции по социјалните мрежи и во медиумите.

Тој вели дека реакциите се како зачин на позитивните коментари кои ги добива постојано.

– Постојано добивам пораки со поддршка од Скопје, Тетово, Битола, Дебар, Охрид… Слушнав дека има реакции за мојата кандидатура, но јас никому не му го доведов во прашање интегритетот, така што ни тие не можат да го нарушат мојот интегритет – вели Мухиќ.

На прашањето дали го променил ставот дека абортусот е убиство, вели дека сè уште го мисли тоа.

– Јас можам да кажам дека тие што мислат спротивно, се убијци на деца. Не може така лесно да се промени став. Јас сè уште стојам на тој став – вели Мухиќ.

Завчера СДСМ ги објави листите за пратеници, на кои се најдоа и граѓански активисти и професори. Дел од имињата и денеска се тема на дебата низ медиумите. Од опозициската партија засега се без коментар за овие негативни реакции.

Слични содржини