Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Лимонот и неговите лековити дејства

Лимонот и неговите лековити дејства

Лимонот е многу здраво овошје со бројни здравствени бенефити, меѓутоа, многумина не се запознати со сите начини на кои тој може да се искористи во секојдневниот живот. Изобилува со калциум, магнезиум, железо, како и со витамини Б и Ц.

Ова овошје помага и при детоксикација на организмот, го подобрува имунолошкиот систем, го чисти уринарниот тракт, односно помага при губење на телесна тежина.

Во продолжение на текстот прочитајте неколку совети како секојдневно да ги искористите сите можности кои ова овошје ги нуди.

Нахранете ја кожата на лицето

Нанесете сок од лимон на лицето за да ја нахраните вашата кожа, да ја просветлите и освежите. Сокот од лимон е еден од најмоќните природни препарати за нега на кожата. Често се додава во најразлични креми, лосиони и маски, а неговиот силен ефект е докажан и во нега на коса, заби и нокти.

Сок од лимон за поцврсти нокти

Направете сок од лимон и во него чувајте ги ноктите десетина минути. Овој третман ќе ви ги осветли и зајакне ноктите.

Користете лимон за нега на коса

Сокот од лимон е одличен начин за на природен пат да ја осветлите косата, односно да и го вратите сјајот. Растворете 50 милилитри исцеден сок од лимон во 200 милилитри вода и нанесете го на косата. За подобар ефект нанесете го овој раствор врз косата одреден временски период пред да излезете на јако сонце.