Линдзи Лохан побарала средба со Путин

од Vladimir Zorba

Лохан  сака средба со Путин како дел од договорот и да учествува во руско ток шоу

5031608

Скандалозната американска актерка Линдзи Лохан побарала да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин изјавија организаторите на шоуто, потврдувајќи информации од медиумите во САД. Андреј Малахов, водителот на популарното руско ток шоу “Нека зборуваат” ( “Пусть зборуваат”), изјави за рускиот сајт LifeNews дека Лохан “навистина е решена да се сретне со рускиот претседател”. “Не знам што точно сака да дискутира со него – спасување на Амурските тигри или проблемите на зависниците”, додаде Малахов.

Американскиот сајт за животен стил  TMZ пак порано соопшти дека актерката ѝ испратила на руската телевизија “Прв канал” листа на барања, за да учествува во нивното шоу, вклучувајќи и средба со Путин. Покрај тоа побарала да се снима со него и да добие приватен авион, едногодишна виза и хонорар од половина милион британски фунти (€ 580 000). “Всушност износот беше малку скромен “, појасни Малахов  и и додаде: “Јас, исто така сакам да заработувам по 80 милиони годишно и да вечерам со кралицата, но треба да правиме разлика помеѓу соништата и реалноста. Треба да гледаме трезвено на работите, не како Линдзи Лохан. ”

Претходно вчера портпаролката на телевизискиот канал објави дека се водени преговори со САД  со Рамбо за учество во токшоуто  на Малахов, но условите и уште не биле договорени, а според TMZ тие “не одговарале на реалноста”. Од “Прв канал” сакале да ја  интервјуираат Лохан за врската со родениот во Русија Егор Тарабасов (син на московски бизнисмен), кого таа го обвини во еден инцидент.

Путин веќе се сретнал со холивудски ѕвезди како Леонардо ди Каприо, со кого разговарале  за заштитата на тигрите во 2010 година, но подоцна не успеа да организира средба со британскиот пејач Елтон Џон, за да разговараат за правата на хомосексуалците. / АФП

Слични содржини