Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

од desk4

  –  Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест на својот дедо по завршување на својата последна трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Таа пред Игрите во Пјонгчанг постојано говореше дека ќе скија за својот дедо, кој почина во ноември минатата година на 88-годишна возраст. Вон во негова чест ја освои бронзата во спуст, а денеска ја расфрли неговата пепел на карпите во близина на патеката на која се натпреваруваше.

– Знам дека би му значело да се врати тука, еден негов дел секогаш ќе биде во Јужна Кореја, истакна Вон.

Дедото на скијачката, Дон Кидлоу бил инжинер во американската војска за време на Корејската војна.

Пред почетокот на Игрите во Пјонгчанг, американската скијачка на новинарите им кажа дека сака да освои злато во спуст во чест на својот дедо.

– Очајнички сакам да победам поради него, многу ми недостига. Беше навистина значаен дел од мојот живот, па се надевав дека ќе ги следи моите настапи во Пјонгчанг, но знам дека ме следи и ми помага. Ќе победам за него, истакна скијачката.

Слични содржини