Од занданите на Идризово Љубе Бошкоски во свое име и во име на Обединети за Македонија го честита христијанскиот празник Велигден.

ljube-24sep

Утре е најголемиот христијански празник воскресение Исусово – Велигден. Како што се отвори небото господово да ја прими душата Исусова, така нека се отворат вашите племенити души, благородни срца, длабоко од вашиот ген нека силно екне љубовта, светлината на вашите мисли во вашата индивидуа посакувајќи му здравје, среќа, бериќет на вашето семејство, вашите најблиски и на сите граѓани насекаде околуи вас, се вели во честитката.

Негувајќи ги христијанските традиции се раѓа потребата на помагање, почитување, разбирање со сите граѓани подеднакво.

Мојата љубов, моите мисли насочени се према моето семејство, моите најблиски, према вас драги мои браќа и сестри каде и да сте и према сите граѓани на моја и ваша Македонија.

ИСУС ВАЈСКРЕСЕ – ВАЈСТИНА ВАЈСКРЕСЕ.

Слични содржини