Локализиран пожарот кај Пехчево

од Vladimir Zorba

   Пожарот кој започна да се шири попладнево кај месноста Ормане во Пехчево е локализиран синоќа околу 21 часот.

Според Борче Бојчевски, директор на ЈП „Македонски шуми“-Подружница Пехчево, пожарот е локализиран, а според првичните проценки, зафатена е површина од 10 хектари.

– Успеавме со натчовечки напори да го спречиме ширењето на огнената стихија која зафати шумска култура црн бор и се закануваше благодарение на силниот ветар и сувата треба да направи вистинска кататсрофа. Благодарение на брзата интервенција на над 40 луѓе од ЈП, од ТППЕ Берово и од МВР, пожарот е локализиран, истакна Бојчевски.

Додаде дека вечерва нивни екипи ќе останат на теренот, за да не се дозволи негово повторно ширење.

Според првичните индиции, пожарот започнал од асфалтниот пат и со голема брзина се проширил кон блиската шума која се наоѓа на патот Делчево- Пехчево.

Слични содржини