Локализиран пожарот во депонијата во Тетово

од desk2

Пожарот на тетовската дива депонија е локализиран, но сѐ уште не е целосно изгаснат. Од депонијата и понатаму избиваат облаци чад, а тетовските пожарникари од неколку против пожарни возила полеваат вода на местата сметот сѐ уште гори, но со многу помал интензитет.

-Наша главна задача беше да не дозволиме огнот да се прошири и да ги зафати објектите кои се веднаш до депонијата, пред се силосите на „Жито Полог“. Излеговме со сета расположива опрема и возила. Ни се придружи и механизација од Јавното комунално претпријатие, а на помош ни притекнаа и колегите од против пожарната едница од Гостивар кои пратија две екипи- изјави Ука Алити командир на против пожарната единица од Тетово.

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи кој дојде на местото рече дека има индикации дека пожарот може да биде и подметнат и затоа се покренати кривични пријави.

Арифи рече дека се при крај процедурите за избор на фирма која ќе го транспортира сметот од дивата депонија до станицата за компресирање и претовар.

Слични содржини