Локалните избори на 15-ти октомври, ако гласа и ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Петнаесети октомври е датумот кога најверојатно ќе бидат одржани локалните избори откако претходно ќе биде донесен Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, а мандатот на сегашните градоначалници ќе биде продолжен.

Ова е заклучокот кој што произлезе од првата кординативната средбата помеѓу претседателот на собранието Талат Џафери и претставниците на парламентраните политички партии во законодавниот дом со исклучок на ВМРО – ДПМНЕ кои не пратија свој претставник.

Во соопштението по кординативната средба од кабинетот на собранискиот спикер наведуваат:

„Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците. Исто така, претседателот Џафери беше известен и дека партиите се согласуваат расправата по предлог-законот да биде ефикасна и да се исклучи секаква можност за нејзино непотребно одолжување.“

За сето ова ефиктивно да се спроведе, Џафери побара и итно фиримарње на пратенички групи и комисии.

Од ВМРО-ДПМНЕ иако не беа во собранието, нивниот преставник се појави на неформалната средба во саботата. Од партиското седиште денеска повторија дека според нив, најдобар термин за избори е јули, но велат прифатлив им е и октомври.

„Почетокот на јули беше најповолниот датум за одржување на локалните избори бидејќи во интерес на граѓаните е час поскоро да изберат локална власт која ќе реализира проекти за нивните проекти. Парламентарното мнозинство сметаше дека нивен партиски интерес е да го пролонгираат терминот и практично да го изберат последниот што сметавме ние дека е рационален. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори и во јули и во октомври“, изјави Драган Данев, ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите итно да се издигнат над сопствените ингереси и да најдат решение побара денеска повторно и министерката за локална самоуправа во оставка.

„Да се вложат максимални напори и уште денеска да се најде начин за деблокирање на работата на органите на општините и на Градот Скопје преку законско продолжување на мандатите на градоначалниците и на членовите на Советите, сè до превземањето на функциите од страна на нивните наследници, избрани на фер, демократски и добро организирани и спроведени локални избори.“

Иако сите повикуваат на продолжување на мандатаот на советите и градоналачниците, никој не го спомемнува законот за Локална самоуправа, кој според експертите мора да се смени исто така. Но, за негова измена потребно е 2/3 мнозинство, што значи дека „за“ треба да гласаат и од ВМРО-ДПМНЕ, нешто што не е случај за изборниот законик.

Слични содржини