Европската комисија вели дека барањето на британскиот премиер Дејвид Камерон за нови ограничувања за граѓаните на ЕУ кои работат во други земји од блокот, се “многу проблематични”, изјави портпаролот на ЕК, цитиран од “Ројтерс”.

zx450y250_2646440

На прес-конференцијата за првите реакции во ЕК, по говорот на Камерон, портпаролот Маргаритис Схинас прецизира дека дадените од Лондон барања за реформи на ЕУ можат да бидат поделбени во три категории:

– Остварливи – како зголемувањето на улогата на парламентите на земјите-членки;

– Тешки – како исклучувањето на Велика Британија од основниот принцип за поблиска унија и односите меѓу земјите кои се дел од еврозоната и оние кои не се;

– Многу проблематични, бидејќи влијаат на основните слободи на внатрешниот пазар.

“Директната дискриминација помеѓу граѓаните на ЕУ очигледно паѓа во последната категорија”, додаде Схинас.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое се наведуваат четирите основни барања на Велика Британија за реформи на ЕУ, Камерон нуди граѓани на земјите од Унијата, кои одат во Велика Британија за да работат, да не можат да аплицираат во текот на првите четири години за државна помош доделена на британските работници.

zx450y250_2646441
Овој предлог, што беше направен за време на предизборната кампања на Консервативнaта партија, веќе беше истакнато од други европски лидери како најтешкото за остварување, бидејќи создава нееднаквост на пазарот на трудот меѓу Британците и жителите на другите земји членки.

“Комисијата смета дека писмото на британскиот премиер означува почетокот, а крај на преговорите. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер во неколку наврати изјави подготвеност да работи за фер договор со Велика Британија, кој ќе е прифатлив и за останатите земји членки”, дополнува Схинас.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск потврди дека добил писмото и изјави дека од другата недела започнува круг на билатерални консултации со останатите 27 земји во ЕУ.

Според експерти овие разговори ќе му дозволат на Туск да состави мислење, што од барањата на Лондон може да бидат дискутирани и одлучени во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ на 17-18 декември.

Слични содржини