Лондон: познати идентитетите на две од жртвите на вчерашните напади

од Vladimir Zorba
Полицаецот кој загинал во лондонскиот терористички напад е 48-годишен маж кој во полицијата минал 15 години. Оженете е и има дете. Втората идентификувана жртва е 43-годишната наставничка Аиша Фраде, која настрадала кога одела по своите деца.

Кит Палмер е 48-годишен полицаец кој бил избоден до смрт од терористот пред британскиот Парламент, откако со автомобил “покосил” луѓе на Вестминстер мостот и се забил во оградата, а потоа тргнал во крвавиот поход.

На Палмер на помош му пришол државниот секретар при министерството за надворешни работи, Тобиас Елвуд, меѓутоа не успеал да го спаси.

Станува збор за човек кој 15 години минал во полицијата и бил член на дипломатската заштита на парламентарните пратеници.

Бројни пријатели и колеги му оддале почит преку социјалните мрежи, на кои Британците го прогласиле за херој. И полицајците ширум земјата му оддале почит.

Членот на парламентот Џејмс Клеверли, на својот профил на Твитер напишал: “Го знаев Кит 25 години. Заедно служевме во кралската артилерија пред да стане полицаец. Прекрасен човек, пријател. Срцето ми е скршено”.

Слични содржини