Спецполицајци  за борба против тероризмот во сложена акција уапсија 37-годишен маж на лондонскиот аеродром “Станстед”, пренесе ББС. Тој буквално бил соборен и застанат авионот , малку пред да полета за Турција.

Според прелиминарните информации, мажот сакал да оди за Сирија.

Се прецизира дека апсењето е извршено во согласност со британската антитерористичка легислатива, по сомнение дека запленетиот подготвувал терористички напади .  Тој е однесен во полициска станица во јужниот дел на Лондон.

Полицијата тргнала цо акција и  претреси на две адреси во северниот дел на градот.

Се наведува дека апсењето на мажот не е поврзано со нападот во Манчестер , каде 22 лица загинаа во самоубиствен напад извршен на концерт на пејачката Ариана Гранде.

23-годишен е атентаторот од Манчестер . Салман Абеди бил познат на британските власти.

Во врска со терористичкиот акт премиерот Тереза Меј прогласи највисок степен на опасност од тероризам.