Лоши вести за вдовицата на чилеанскиот диктатор Пиноче

од desk3

 

Вдовицата на чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче, Луција Ириарот, била хоспитализирана во воената болница во Сантјаго.  94. годишната Ириарот во болницата била примена во тешка состојба како последица од грип.

Како што е наведено животот на сопругата на Пиноче не е во опасност, но таа ќе остане под лекарска контрола.

На крајот на минатата година Ириарот беше примена во болница поради проблеми со дишењето. Тогаш таа останала во болницата неколку денови.

Во моментов, вдовицата на Пиноче е под истрага за обвиненија за измама и проневера на буџетски средства.

Слични содржини