Според ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА, дилемата што во јавноста се јавува околу гласањето на дијаспората може многу лесно да се надмине без обиди за „додворување” кон дијаспората.

LP-zname-web
„Едноставно, со моделот Македонија една изборна единица со отворени кандидатски листи, гласањето на сите државјани на РМ ќе биде за сите кандидати и партии, по сопствен избор за партијата и кандидатот/кандидатите, а вредноста на гласот ќе биде еднаква.

Со тоа, гласот на избирачот ќе биде еднаков и во Дебар, и во Детроит и во Делчево.

Конкретно, со една изборна единица и отворена листа, партиите ќе може да кандидираат пратеници и од дијаспората на иста листа од 120 кандидати (како уставен минимум), а гласачите ќе може да ги избираат директно и партиите и поединците што сакаат да ги претставуваат, било да живеат во Републиката, било да се во дијаспората.

Затоа, ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА укажува на потребата од примена на правилна методологија на дефинирање на целите и прашањата во досегашните и идните разговори на работните групи и отвореност за суштинско и правилно решавање на изборната материја“, стои во соопштението на ЛП.

Слични содржини