Љубовен хороскоп од 15 до 21 мај 2017 година

од Vladimir Zorba

Третата недела од месец мај ќе биде вистински благодетна за романтични искуства. Претставниците на повеќето ѕвездени знаци ќе се радуваат на пријатни изненадувања и среќа во љубовта. Крајот на неделата е ветувачки и нуди многу топлина и пријатни моменти со вашите сакани.

Овен
Неделата ќе започне одлично за вас на љубовен план. Човекот кој го сакате, е исто толку луд за вас на ниво на енергија. Ве очекуваат смешни моменти заедно во почетокот на неделата. Во вторник и среда нивото на романтиката ќе рипне до таванот и кон крајот на работната недела ќе се чувствувате како да сте тргнале на епско љубовно патување. Во четврток и петок страстите и емоциите ќе се смират. Во текот на викендот подајте се целосно на својот партнер.

Бик
За да ги оберете плодовите на љубовта, кои чекаат на вас во четврток и петок мора да се потрудите многу цврсто во почетокот на неделата. Во понеделник, вторник и среда ве очекуваат мачни моменти со тешкотии и различни можности да се вежбате во толеранција кон околината. Бидете трпеливи. На крајот на неделава ве очекуваат романтични изненадувања од саканиот/ата, вечери со свеќи, прошетки и уште љубовни немири.

Близнаци
Во понеделникот некој ќе ве посоветува во љубовта, но нема да бидете сигурни каква одлука да донесете. Доверете се на најблискиот човек. Ова е неделата во која фер комуникација ќе ви даде добар почеток во љубовта. Вторник и среда се деновите во кои ќе се соочуваат со пречки, кои сепак се главно во главата. Ќе се чувствувате продуктивни и успешни во љубовта во четврток и петок. Претстои многу романтична недела за вас, под услов да најдете соодветен начин да флертувате.

Рак
Вие размислувате за врските како за инвестиции. Кога се обврзувате со некого мислите секогаш во перспектива. Не паѓате на несериозни врски без иднина. Продолжете да мислите така од понеделник до среда. Во остатокот од седмицата ве очекува вистински опасна романтика. Имате многу планови кои ќе се покажат многу забавни. Ако сте обврзани, врската ќе мине на интелектуално ниво оваа недела. Во саботата и неделата ве очекува вистинско блаженство и процут во љубовта. Бидете разумни сепак.

Лав
Во оваа недела расположението ќе биде исклучително романтично. Ќе се бара да праќате љубовни картички со зајдисонца и срценца. Ќе се чувствувате сјајно и топло во текот на првата половина на неделава. На крајот сепак страста ќе подугасне за да се прероди во неделата, кога ќе се чувствувате повторно како сè околу вас да е премногу добро за да биде вистина.

Девица
Во оваа недела ќе ви е тешко да ги организирате обврските и да ја постигнете онаа уредност во односите што ги сакате. Покрај тоа, ќе се наоѓаат луѓе кои ќе ги мешаат сите ваши планови и да ви ги разбуричкаат односите. Романтичното расположение нема да е на ниво оваа недела, но не очајувајте.

Вага
Во оваа недела ќе заземете посебно место во нечие срце. Не само во љубовта ќе имате среќа, но и во социјалните контакти. Во четврток и петок ќе имате можност да посетите некој што го сакате и од кого треба да се простите. Викендот ќе е романтичен за вас.

Скорпија
За вас неделaта воопшто нема да е романтична и забавна. Ќе започне со напон во работата, можни се расправии и со шефот. За среќа на крајот на неделата ќе имате можност да уживате во себе и друштвото на љубовниот партнер. Не правете планови сепак за романтичен одмор или заминување со партнерот, моментот не е соодветен.

Стрелец
Ако сте одлучиле да патувате со партнерот во почетокот на оваа недела сте на вистинскиот пат. Ве очекува голема среќа за време на вашето патување. Ќе наидете на голем услуги во хотелската соба, можни се и парични попусти за заљубени. Ќе се чувствувате многу подобро само двајцата, а во сабота и недела љубовта ќе е насекаде околу вас.

Јарец
На почетокот на неделава ќе слушате поплаки од пријатели и роднини кои ви завидуваат на љубовта. Не запаѓајте како жртва на оваа стапица и немојте да се чувствувате виновни, бидејќи љубите и сте сакани. Игнорирајте слични коментари целосно и подајте ѝ се на љубовта. Во четврток и петок има веројатност да се чувствувате среќни во љубовта, но дури и ако тоа не се случи, ќе имате среќа во други области. Викендот е добар момент да започнете нов проект, кој ве возбудува многу време.

Водолија
Водолиите ќе се радуваат на одлична недела во љубовта од почеток до крај. Првите неколку дена ќе се благодетни за флерт и нови врски. Не плашете се да ловите нови љубовници, сега е моментот. Во сабота и недела ќе имате повеќе време да се фокусирате врз себе и да се третирате.

Риби
Рибите ќе се чувствуваат многу подобро во својата кожа оваа недела. Со секси емитувањето ќе ги привлекувате погледите на спротивниот пол, бидејќи ќе изгледате одлично. Четвртокот и петокот се деновите со целосни можности за романтични искуства, искористете  од нив. На крајот на неделава ќе имате можност да донесете важна одлука во љубовта. Викендот за вас ќе биде нов почеток.

Слични содржини