Љубовен хороскоп од 19 до 25 јуни

од Vladimir Zorba

Неделата започнува со повеќе романтика. Во вторникот Венера ќе биде во добра позиција кон Нептун и тоа ќе донесе позитивни вибрации во љубовта. Некои претставници на зодијакот ќе имаат можност да додадат длабочина во врската. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.

Овен
Во оваа недела ќе се чувствувате целосно задоволни од љубовниот живот. Вашиот партнер ќе ви ја цени независноста како личност, талентите и способностите. Ако неодамна сте почнале љубовни односи, емоциите кои ги доживувате меѓу вас ќе се продлабочат.
Оние претставници на хороскопскиот знак Овен, кои се необврзани, имаат шанса да сретнат некого кој ќе биде поразен од нив како личност.

Бик
Оваа недела ќе може да направите најголем дел од романтиката која ве очекува. Ако барате нова љубов, не пропуштајте да ја поканите за забави и социјални настани. Имате шанса да се запознаете со интересна личност со која ќе најдете дека имате многу совпаѓања.

Близнаци
Некои од претставниците на зодијачкиот знак сакаат да споделат дел од своите тајни и да им дадат пристап до својата душа. За среќа оваа недела ќе имате доволно можности да ја претворите оваа желба во реалност.

Ако се наоѓате во врска, ќе ви биде полесно од вообичаено да се продлабочат односите со вашата сакана. Неврзаните Близнаци имаат шанса да се состанат со нов партнер.

Рак
Оваа недела сигурно ќе се чувствувате романтично задоволни. Многу од вашите соништа поврзани со љубовта ќе се исполнат. Најдоброто нешто е тоа што ќе ja качите врската на духовно ниво. Потоа во петокот, млада месечина, која ќе биде во вашиот знак ќе го фаворизира поставувањето на нов почеток.

Лав
Љубовниот живот на Лавовите ќе биде директно поврзан со угледот и кариерата, особено ако скоро сте сретнале некоја интересна личност. Може да сфатите дека тој или таа  навлегува повисоко во професионалната сфера. Друга можност е дека некои од вас можеби ќе сакаат да ја претстават во длабочина работата пред саканата.

Девица
Без разлика дали неодамна сте сретнале нов партнер или сте во долгогодишни врски, оваа недела љубовта нема да ве изневери.
Некои Девици ќе направат планови за патување во странство. Кон крајот на неделава врската со вашата сакана ќе постигне подлабоки димензии. Ќе се чувствувате вистински поврзани духовно и физички.
Вага
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе се радуваат на добри финансиски приходи . Ова може да е бонус за вас или партнерот, наследство, склучување на добра зделка. Односите со љубениот ќе се развиваат хармонично, затоа уживајте во балансот меѓу вас.

Скорпија
Позитивни вибрации во љубовта може да очекуваат и врзаните претставници на знакот Скорпија. Односите со вашиот партнер ќе се јасни и хармонични, а децата ќе ви дадат повод за гордост. Уживајте во моментите заедно и планирајте некаде убаво патување.

 

Стрелец
Подобрувањата на финансиски план ќе донесат многу емоции за вас и партнерот. Можно е ова да е зголемување на плата, добра инвестиција или купување на нов дом. Радоста ќе ве натера да бидете повеќе романтични и внимателни еден кон друг.

Јарец
Романтичните перспективи сјаат за вас. Комуникацијата со љубениот ќе оди хармонично и ќе може да доживеете вистинска љубовна приказна. Во петокот, Месечината ќе ви даде опции за посериозен ангажман со некого, кого скоро сте го сретнале.
Некои од претставниците на зодијачкиот знак ќе преземат следен чекор во односите. Можен е заеднички соживот или предлог за брак.

Водолија
Врзаните Водолии ќе претпочитаат да поминат повеќе време дома и само во друштвото на своите сакани. Тоа не значи дека ќе ви биде досадно. Може да планирате вечера или викенд забава за вас и пријателите. Односите со партнерот ќе се движат во хармонија.

Риби
Ќе имате можност да ги споделите своите најдлабоки соништа и фантазии со партнерот. Тој или таа ќе биде ваш добар слушател. Некои од вас ќе почнат да прават планови за дете. Ако сте необврзани, имате шанси за нови и интересни состаноци. Отворете го умот и срцето.

Слични содржини