Љубовен хороскоп од 22 до 28 мај 2017

од Vladimir Zorba

Во однос на љубовта, претстои недела во која разговорите со партнерот ќе се од суштинско значење. Неврзаните ќе имаат поголеми шанси за нови познанства и создавање на нова врска.
Можно е да недостасува хармонија во љубовта, но на крајот на неделата работите ќе се нормализираат. Што ве очекува според зодијачкиот знак, видете во љубовниот хороскоп.

Овен
Во однос на љубовта дефинитивно ова нема да биде најлесната недела. Можно е да се доживее незадоволство во својата работа и гневот да се рефлектира врз партнерот. Внимавајте со емоциите. На крајот на неделава добрата комуникација меѓу вас ќе се поврати.

Бик
Може да се чувствувате напнати во однос на љубовниот живот. Можно е разликите помеѓу вас и вашата сакана да растат. Ако имате силно чувство на фрустрација овој јаз меѓу вас нема како да биде надминат. Не ги кријте вашите чувства и емоции, но не заборавајте и да го зачувате добриот тон при комуникација.

Близнаци
Месечината во вашиот знак во четвртокот, може да донесе нов почеток за вас во љубовниот живот. Ако сте чекале совршено време за да гоните нова цел, не заборавајте да дејствувате во рамките на следните неколку недели.

За врзаните претставници на зодијачкиот знак тоа ќе биде и времето во кое ќе можат да отворат дијалог со партнерот за теми кои не разговарале порано. Ќе бидете пријатно изненадени од комуникацијата меѓу вас.

Рак
Хармонијата во љубовта ќе биде нарушена и за претставниците на знакот Рак. Можно е партнерот да не ви ја изнесе така бараната од вас поддршка. Може да се покаже дека тој или таа дури и ве саботирале во постигнувањето на целите поврзани со кариерата.
Веројатно партнерот се плаши вашите успеси да не ја загрозат на некој начин врската. Не заборавајте да зборувате со вашата сакана пред работите да станат неповратни.

Лав
Емоционална ќе биде седмицата за Лавовите. Почетокот  ќе биде диктиран од повеќе спорови, напон, што може да се должи на работата и тоа нема како да не влијае на вашата врска. За среќа саканата/иот ќе пројави трпение и разбирање и на крајот на неделата ве очекува затоплување на односите и романтика.

Девица
Ако се наоѓате во во врска, тогаш борбата за власт меѓу вас и партнерот ќе се почувствува силно кон крајот на неделава. Таа ќе е поврзана со теми како секс или решавање на заеднички проблеми. Можно е едниот од вас да сака дете, а другиот се уште да не е подготвен за овој чекор. Друга можност е да не се чувствувате задоволни во спалната соба. Разговорите ќе помогнат да ги разјасните недоразбирањата.


Вага
Во четвртокот Венера ќе биде во позиција со Плутон. Бидејќи ја имате Венера во вашиот сектор, тоа обично е индикација дека врската е благословена со дополнителна хармонија, но оваа недела е поверојатно вие и вашиот партнер да треба да се справите со тешка ситуација.
Секој од вас има пристап кој треба го зема од другиот како манипулативен. Следната недела ќе ви биде полесно да комуницирате.

Скорпија
Можност за инвестиции или вести за зголемување на платата на вас или партнерот ќе го подигнат вашиот дух. Разговорите за романтика ќе бидат слатки во неделата. Радувајте се на хармонијата меѓу вас.

Стрелец
Ако се надевате дека вдахнувате нов живот во врската, имате среќа. Овој четврток добрата млада месечина ќе падне во вашиот сектор на партнерствата. Ќе имате можност да се откриете со партнерот.
Ако сте необврзани или неодамна сте се запознале со некого, може ова да не се покаже како најлесната љубовна недела за вас. Можно е да се покаже дека тој или таа не е по вашиот вкус и да се обиде да избега од овие односи.

Јарец
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе ги споделат своите емоции со партнерот. Меркур се движи низ вашиот романтичен сектор. Ова располагање ја поддржува размената на идеи и ја подобрува комуникацијата. Хармонијата ќе се задржи до 6-ти јуни.
Во неделата Меркур ќе биде во прекрасен агол кон Нептун и ќе може да уживате и во длабоки и духовни разговори со вашата сакана. Времето поминато заедно ќе ви носи пријатни емоции.

Водолија
Ако сте необврзани, можно е оваа недела да сретнете нова љубов, за која сте сонувале. Во четвртокот Месечината во Близнаци ќе падне во вашиот романтичен сектор. Како резултат на тоа, во наредните две недели ќе имате бројни можности за состаноци.

Можно е да ве фасцинираат двајца истовремено. Во секој случај ќе имате повеќе од една опција да изберете во однос на љубовта.

Риби
Хармонијата во вашата врска ќе биде нарушена од ваш пријател. Тој или таа може да изрази негативно мислење во однос на партнерот и да сметаат дека оваа врска ќе ви донесе само омраза на краја. Размислете кој е мотивот на овој ваш пријател и не брзајте со критиките кон него, ниту со донесување на конечни одлуки во врска со љубовта.

Слични содржини