Љубовен хороскоп од 23 до 29 јануари

од Vladimir Zorba

Во оваа недела настаните во љубовта ќе бидат под силно влијание од Месечината. Венера ќе помогне за обновување на хармонијата, но Сатурн ќе се обиде да ѝ се спротивстави. Што ве очекува видете во љубовниот хороскоп.

Овен
Врзаните претставници на зодијачкиот знак може да се почувствуваат како да партнерот не ги поддржува, или да не почувствуваат никакви разлики. Единствениот начин да го разјасните ова е да бидете искрени и да ги споделувате емоциите.
Сето ова ќе ви напомни зошто точно го цените партнерот. За среќа до крајот на неделава ќе се чувствувате посигурни во љубовта и ќе може да се постигне она што го сакате.

Бик
Можно е интимноста да претрпи одредени ограничувања и тие да се должат на стравот, кој се доживува. Можеби страв од сериозно поврзување, од тоа да не бидете повредени. Запрашајте се што ве задржува во интимноста, бидејќи сега е моментот да уживате во целосна поврзаност со партнерот.

Ако има нешто во минатото, што ви пречи – отстранете го. Запомнете дека само вие си ги поставувате ограничувањата кои ве спречат да бидете среќни.

Премногу одговорности можат да ја намалат романтиката во врската оваа недела. Можно е вашите амбиции да се виновни за ова ограничување. Можно е да се добие поддршка од сакана. Состојбите во текот на оваа недела ќе ве потсетат што е потребно за едно зрело и стабилно партнерство во љубовта.

Рак
Нова финансиска можност може да се отвори за вас и вашиот партнер оваа недела. Обрнете внимание на настаните, бидејќи претстои Месечината да навлегува во вашиот сектор на споделените ресурси. Токму тогаш може да одлучите да инвестирате. Не заборавајте да одвоите и повеќе време за романтика, која во последните денови како да недостасувала.

Лав
Месечината ќе влезе во вашиот сектор на партнерствата и тоа ќе е исклучителен потенцијал за вас и вашата партнерка во однос на љубовта. Во исто време Венера ќе биде во таква позиција кон Сатурн што е можно да не се отвори срцето доволно за љубовта. Надминете ги стравовите и оддадете се на пријатни емоции.

Девица
Во оваа недела ќе ви биде потешко во љубовта и со односите со партнерот. Некој стар проблем може да биде извор на напон. Друга можност е да ја почувствувате тежината на финансиски трошок. Само со заеднички напори може да го решите проблемот. Не дозволувајте грижата да ве здроби.


Вага
Оние од вас кои се неврзани, оваа недела можат да одбележат пресвртна точка во однос на љубовта. Месечината во петок ќе падне во вашиот љубовен сектор.
Како резултат имате големи шанси за нови познанства, но напорите макар и минимални од ваша страна, исто така се важни. Ако се наоѓате во врска ќе сакате да внесете некои промени, да имате повеќе разлики со партнерот.

Скорпија
Љубовниот живот ќе ве натера да се чувствувате помалку задоволни. Можно е партнерот да не ја покажува потребната поддршка и благодарност кон вас. Можно е поради друга причина срцето да се затвори. Ако врската не оди како што треба, бидете искрени со партнерот. Во љубовта човек не треба да се чувствува лошо.

Стрелец
Ако сексуалниот живот во последно време не оди како што треба, тогаш во саботата Марс – планетата на издржливоста, мотивацијата и либидото, ќе се пресели во вашиот сектор на романтиката и така ќе се задржи сè до 9 март.
Во овој период очекувајте подобрување на сексуалниот живот. Оние од вас кои се уморни да чекаат некого, нека го направат првиот чекор. Така ќе разберете дали има смисла да продолжите да вложувате емоции.

Јарец
Комуникацијата со партнерот и љубовта може да не одат особено непречено оваа недела. Некои од вас ќе имаат одредени потешкотии при изразувањето на чувствата. Нема да ви е лесно да слушнете или го кажете она што го мислите, но ќе треба. Зачувајте го добриот тон со саканата и разговарајте за проблемите.


Водолија
Месечината во вашиот знак во петокот ќе отвори пред вас нов почеток за многу области во вашиот живот. Ако сакате да направите какви било промени во врската, тогаш треба да почнете уште сега со овие чекори. Од вас зависи дали резултатот ќе ви ги задоволи. Од вас зависи што сакате да ви се случи.

Риби
Рибите ќе чувствуваат силни љубовни емоции. Ова ќе е благодарение на Венера, која сè уште се движи низ вашиот знак и ви помага да бидете попривлечни. Но, во петокот Сатурн може да го направи споделувањето и приемот на љубов потешко од обично.

За среќа неговото спротивставување ќе помине брзо. Користете ја можноста да го одредите она што го сакате во однос на љубовта.

Слични содржини