Љубовен хороскоп од 31 јули до 6 август

од Vladimir Zorba

Планетата на љубовта – Венера , ќе се пресели во знакот Рак и ќе остане таму до 25 август. Како резултат на тоа може да се почувствува повеќе сентименталност во љубовта. Може да се заљубите во некој кој ги дели вашите интереси. Други ќе се зближат повеќе со партнерот и ќе прават планови за иднината. Што ве очекува според зодијачкиот знак, може да видите во љубовниот хороскоп. Овен
Оваа недела Уран ќе стане ретрограден во знакот на Овен, помагајќи му на вашиот љубовен живот на невообичаен начин. Ќе постапувате во љубовта не така, како што ви се сака, туку како што е правилно за вас. По четврток и дури до 2 јануари 2018 година, Уран ќе овозможи да создадете поцврсто партнерство во љубовта.

Бик
Зборувањето за љубов, размислувањето за љубовта и донесувањето на одлуки во таа насока ќе се на дневен ред. Венера ќе се пресели во вашиот сектор на комуникациите и ќе се задржи така до 25 август. Како резултат на тоа ќе имате две работи на ум – љубов и пари. Можно е со партнерот да сте одлучиле да патувате. Ви претстојат романтични моменти.

Близнаци
До 25 август врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе разговараат за прашања поврзани со финансии. Ако се чувствувате несигурни во однос на пари, партнерот ќе ви го подигне духот. Тој или таа ќе ви напомни дека имате многу таленти и дека сте повеќе од способни за да ги развиете. Зголемувањето на довербата ќе направи чуда со вашата врска.

Рак
Планетата на љубовта Венера ќе се пресели во вашиот знак и ќе ви даде дополнителни можности за привлекување на обожаватели. Може да направите неколку минимални промени во својот изглед и да се препуштите на повеќе социјални контакти.
Што и да правите, сигурно ќе се чувствувате и ќе изгледате привлечно. Ова води до дополнителна доверба и нови обожаватели.

Лав
Ако копнеете за некого со кого знаете дека не може врската да се реализира, следните неколку недели може да се дополнително разочарувачки за вас. До 25 август или ќе се лажете, или ќе најдете начин да се ослободите од оваа нездрава и несакана љубов. Уживате повеќе релаксација, пријатни терапии кои ќе ви помогнат да се справите емоционално со ситуацијата.

Девица
Раздвижување во општествениот живот ќе има за родените во знакот на Хороскопски знак Девица. Од понеделник до 25 август, средбите со пријателите, забавата ќе ви носат повеќе задоволство. Потенцијалот за нови љубовни емоции исто така ќе се зголеми, можно е ваш пријател да ви помогне во однос на љубовта или да открие својата кон вас.

 

Вага
Во четвртокот Уран, планетата на неочекуваното однесување и изненадувачки настани, ќе заземе ретроградна позиција во секторот на врските и ќе остане така до 2 јануари 2018 година. Ова ќе ви помогне да се регрупирате како двојка, бидејќи вашиот партнер најверојатно ќе стане помалку непостојан. Всушност тој или таа може да покаже поголем интерес кон стабилизирање на вашата врска, но само под услов успеете да одржите искрата меѓу вас.

Скорпија
Венера ќе премине во 9. дом, што ќе предизвика проширување на границите на имагинацијата. Ќе се задржи таму до 25 август. Ако сте обврзани, ќе сте заинтересирани за проширување на хоризонтите на вашето партнерство. Ова може да се постигне преку патувања, длабоки разговори.
Неврзаните Скорпиони ќе се радуваат на повеќе внимание од спротивниот пол. Сакате да учите од љубовта и ќе успеете.

Стрелец
До 25 август врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе успеат да постигнат повеќе интимност во односите. Ако сте сакале да ги продлабочите вашите физички или духовни аспекти од вашата врска, сега е време да навлезете во ова без страв.
Вашиот партнер може да е повеќе склон да ги открие слабостите за да изгради доверба, што е важно за една силна љубовна врска. Вие од своја страна, ќе се чувствувате безбедно, откривајќи ги своите слабости.

 

Јарец
Вашиот љубовен живот е на пат да добие вселенска поддршка до 25 август. Венера ќе влијае на вашиот сектор на односите. Овој настан еднаш годишно има моќ да пегла секакви “нерамнини”, кои во моментов можат да се испречат пред вас и вашиот партнер за да постигнете романтично блаженство.

Некои од вас може да започнат да живеат заедно или да добијат понуда за брак. Ако неодамна сте се запознале со некого или сретнете нова личност во оваа недела, тоа може да доведе до сериозен ангажман.

Водолија
Вие и вашиот омилен човек може да одлучите дека е време да обрнете повеќе внимание на своето здравје. Од оваа недела може да забележите голем напредок во остварувањето на оваа цел, ако гледате во една насока. Генерално врзаните Водолии ги очекува мирна и пријатна недела во љубовта.

Риби
Вашиот љубовен живот ќе биде здив чист воздух. Венера ќе интервенира во вашиот сектор на романтиката, правејќи ја љубовта послатка од кога било. Ако сте необврзани, не заборавајте да го посветите потребното внимание на социјалниот живот. Можно е да се судрите посебен човек кој ви го плени срцето.

 

Слични содржини