Љубовен хороскоп од 5 до 11 декември

од Vladimir Zorba

Љубовта е насекаде! Ѕвездите ќе ни ја дадат својата моќна поддршка. Ова ќе ги подобри односите со партнерот, сексот ќе биде повозбудлив, а самохраните ќе имаат шанси за нова љубов.ba1a3789a4b5b12bee627b706005202a
Овен
Во оваа недела може да се почувствува љубовна магија помеѓу вас и ваш пријател. Што полесно од тоа пријатели да станат пар, та нели тие делат исти интереси, меѓу нив има хемија. Ако чувствата ви се заемни, не двоумете се да го направите првиот чекор. Ако сте необврзани исто имате големи шанси за нови познанства. Ова не е недела во која треба да се останедома. Бидете повеќе комуникативни.

Бик
Романтиката и професионалниот живот ќе се “сретнат” оваа недела. Можно е да започнете нови односи со некого кој ви помогнал во кариерата или ако сте врзани, да водите бизнис со партнерот. Деновите се поволни, затоа искористете ги настаните.

Близнаци
За врзаните претставници на зодијачкиот знак претстојат волшебни моменти и интересни патувања. Тие може да се зад граница. Друга можност е да посетите заедно курс или семинар. Неделата е мирна и хармонична за љубовта.

Рак
Подгответе се за една страсна недела со саканиот/ата. Ќе пројавите повеќе храброст да споделите некои од најголемите еротски желби. За среќа на него или неа, идеите за повеќе диверзификација на сексуалниот живот ќе им допаднат. Исто така ќе се чувствувате и повеќе склони да споделувате не само за секс. Ова ќе ја продлабочи емоционалната врска меѓу вас.d8a8dd21914111a0628ee15588902d04

Лав
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе донесат многу важна одлука за иднината на врската. Можно е ова да е следен чекор за заеднички соживот, вест за бебе или предлог за брак. Ако сте необврзани, не одбивајте ги поканите за состаноци. Може да најдете нова љубов.

Девица
Вашиот љубовен живот и работа ќе се неразделно поврзани. Можно е да испратите или да добиете покана за средба од колега или допрва да почувствувате некаква возбуда со некого од канцеларијата. Ако привлекувањето е взаемно, спокојно може да го направите првиот чекор. Врзаните претставници на зодијачкиот знак исто така ќе се радуваат на хармонија во љубовта.

Вага
Ова ќе биде вашата недела за романтика! Уште во првите денови во спалната ќе биде топло. И двајцата сте во расположение да експериментирате и најважно е дека ќе бидете задоволни со резултатот. Ако сте необврзани имате добри изгледи да сретнете некоја интересна личност. За кратко време ќе си се допаднете, а пријателството е првиот чекор кон здрава љубовна врска.

Скорпија
Почитувани Скорпиони, очекувајте многу љубов и романтика со љубениот . Венера е во вашиот сектор на домот и ќе се задржи таму до 3-ти јануари 2017. Како резултат може да одлучите да направите некои промени во вашиот дом или ако не живеете заедно, има шанса да се преселите под еден покрив.59f78fe0caf5a25402f5dd7836ccbdcc

Стрелец
Комуникацијата помеѓу вас и вашиот љубовник ќе биде повеќе од хармонична . Во средата Венера ќе влезе во вашиот трети дом на комуникацијата и ќе се задржи таму до првите денови на јануари 2017.
Како резултат ќе имате можност да разговарате подобро со партнерот, ќе наоѓате компромисни решенија. Ве очекуваат мили зборови. За други стрелци, кои не се во сериозна врска, но имаат возбуда кон некого, е можно да се направи првиот чекор и да ги споделат чувствата.

Јарец
Првите денови на новиот месец ќе се исполнети со тензија за Јарците. Ова ќе ве натера да мислите помалку за романтика. Не им дозволувајте на рутината и проблемите да ја нарушат хармонијата во врската. Одвојте време и размислете за животот, за љубовта.

Водолија
Вие сте во завидна позиција оваа недела за љубовта. Може да достигнете нови височини во односите со саканиот/ата и да се чувствувате неверојатно. Во средата Венера ќе влезе во знакот на Водолија и ќе ја зголеми вашата самодоверба и магнетизам.
Ќе бидете повеќе од прекрасни и ако барате нова љубов, има шанса да ја сретнете.

Риби
Врзаните Риби ќе го остават хаосот крај себе, за да уживаат во друштво на партнерот. Неделата е соодветна за вашето малку стартување, затоа испланирајте кратко патување. Приоритетот ќе биде духовната врска помеѓу вас, која ќе се продлабочи, како и вашата оценка за љубовта.

Слични содржини