Људмила Путин: Мојот маж одамна не е меѓу живите

од Vladimir Zorba

Вистинскиот Путин е убиен или умира од рак во 2007-та?20161020-yjxnkpxdri

Во сензационално интервју со наслов “Мојот маж одамна не е меѓу живите”, објавено во германскиот весник “Die Welt”, поранешната прва дама на Русија, Људмила Путин, споделува свои интимни искуства од заедничкиот живот со Путин. Пренесуваме делови од него кои беа објавени во превод од руските изданија.

“Мојот сопруг за жал одамна не е меѓу живите. И јас сум принудена да го признаам тоа јавно, бидејќи не можам повеќе да гледам што се прави во негово име, раскажува Путин. Овие луѓе се многу страшни, тие пред ништо нема да запрат. Јас се плашам дека тие ќе ме убијат и мене и моите ќерки, исто како што го убија него. Вистината е дека нашето семејство со Путин не беше идеално. Кога се омажив, јас бев вљубена во офицерот-разузнавач. Но, реалноста беше сосема друга. Путин се покажа прониклив, суров човек, тиранин. Тој никогаш не го почитуваше моето мислење. Нешто повеќе – тој не ми го забележуваше дури ни постоењето. Јас му бев потребна само како референца за семејната положба и како мајка на неговите деца. Многу ми е тешко да зборувам за тоа, но животот со него беше многу тежок.

Путин ме тепаше, понижуваше, се истураше над мене

Јас се обидував да се борам, повеќе пати и два пати се обидував да поднесам барање за развод, но за овој човек немаше ништо свето. За да ме принудат да молчам, тој ме испрати за некое време во психијатриска клиника. Јас поминав во деветте круга на пеколот. Дрога, психотропни супстанции, насилство. За долго време ме затвораа во изолатор и не можев да видам сончева светлина, ниту пак живи луѓе. И досега се сеќавам за тоа и се ежам од ужас. Од млада и самоуверена жена јас се претворив во сенка, волјата ми беше скршена, согласувајќи се на сите услови, само и само да се извлечам од она страшно место. Но, она што почна да ми се случува по неговата смрт, воопшто не може да биде опишано. Тогаш кај него (Путин) започна многу сложен период. На мене, се разбира, тој не ми кажуваше ништо, стана сосема затворен. Еден месец пред неговата смрт, во текот на ноќта, тој без предупредување ги изведе моите ќерки и не знаев каде ги води.

А потоа исчезна и тој

Потоа во мојот дом дојдоа некакви луѓе. Некои од нив ги познавав, останатите ги гледав за прв пат. Го претресоа до темел мојот дом, ги разгледаа сите документи, тропаа по сите ѕидови. На мене само ми рекоа: “Ако сакаш да живееш – молчи!” На сите прашања поврзани со мажот ми, одговараа дека ќе дојде наскоро и дека има важно советување дека е во интерес на националната безбедност, да не дискутирам што се случило со никого. По неколку дена се појави првиот дублер на мажот ми. Подоцна јас успеав да дознаам дека убиството на Владимир се подготвувало уште пред година и го отстраниле од власта, кога неговиот прв двојник бил подготвен да го заземе неговото место. Надворешно, се разбира, овој човек толку многу личеше на Путин што бев сосема шокирана.
Бев сосема шокирана

Но, всушност тоа беше сосема друг човек. Овие луѓе ги следеа моите девојки. А, мене ми поставија ултиматум – или ќе ја играм улогата на верна жена на новиот Путин, или моите ќерки нема да се живи. Јас едноставно немав никаков избор. И најмногу се трудам да ги избегнувам јавните настани.

Плетенките на новинарите, интригите, за кои читав по весниците,  ме убиваа. Но уште пострашно беше да се преправам на жена на апсолутно туѓ за мене човек. Покрај тоа, овие луѓе подготвуваа двојничка и за мене, за да може, кога зборувам нешто не како што треба и тоа не е планирано по сценарио, мојата двојничка да се вмеша при конфузни ситуации. Ако овие луѓе беа успеале да ја претворат мојата двојничка во пристојна сличност, одамна би ме убиле! … Чудо е дека јас и моите ќерки успеавме да се спасиме. Од разбирливи причини не можам да ги именувам луѓето кои ми помогнаа да го прекинам ова страшно сценарио и да се сокријам.

“Разводот“ беше моето спасение

Сега живеам зад граница и се чувствувам многу добро. Но, ми е страшно да гледам што се случува во Русија. Луѓе освестете се! Живеете како инфериорни, едвај врзувате крај со крај, бидејќи вас не ве штедат – ве крадат и ве лажат постојано. И денес според мене стои прашањето за опстанокот на домородните народи на Русија. Ако вие не престанете да се плашите и го игнорирате она што се случува во земјата, вие едноставно нема да сте живи! … “, вели Људмила Путин пред ” Die Welt “.

Кој управува Русија – Путин, или негов двојник?

Пред две години во германското списание “Spiegel” беше објавена статија во која се раскажуваше како во 2006 година од Московската ЦКБ замолиле еден од водечките германски онколошки центри да даде совет за биопсија на анонимен пациент. Германците спровеле анализа, утврдиле форма на ракот и му определиле на пациентот максимум 6 месеци живот. Понудиле адекватно лекување, за да го продолжат животот на пациентот со неколку години. Од Русија биле благодарни за консултациите, но се откажале од третманот. А по некое време ги информирале германските лекари дека пациентот бил целосно здрав?!? Едвај треба да се објаснува, се коментира во статијата, дека во секоја почитувана држава има т.н. генетски портрети на најпознатите личности. За таа цел се користат влакна, честички од кожата и слични биоматеријали кои ги остава секој жив човек за време на странските патувања. Значи во Германија имало “ДНК-портрет” на Путин со кој Германците разбрале дека

Анонимниот пациент е … Путин.

Според нив најдоцна до средината на 2007 година пациентот веќе треба да е мртов. Ајде сега да видиме како подоцна се развиваат настаните околу семејството Путин, што сугерира дека во погорните тврдења можеби има вистина:

Во 2007 година Људмила Путин е целосно изолирана од јавниот живот – таа повеќе не учествува во текот на настапите, не патува и во странство при официјални посети на Путин. Официјално нема објаснување за тоа.

Во 2007 година се појавува и неверојатната идеја на Путин да го откаже својот трет мандат во корист на Медведев. Формалната причина е уставот, кој забранува трет мандат на претседателот, но истата не се пристапува во Русија за прв пат?!?

Така на пример по устав гувернерите на Русија се избираат, а од 2004 година нив едноставно ги вработуваат. Освен тоа, во рускиот Устав е напишано не дека се забранува трет мандат, туку дека воопшто се забрануваат три мандати за ист човек. Значи, гледано на овој начин,

и денешниот мандат на Путин е противуставен

Но, што се случува понатаму?

– Станува премиер, Путин останува во сенка, не ја напушта земјата, патува само во регионите на Русија. Во надворешноста му се случуваат и се забележуваат со голо око необјаснети промени кои првично никој не ги коментира, но кога народот почнува да ги забележува и коментира, како негова безлична верзија заради неадекватниот ботокс. После “новиот Путин” веќе не ги познава старите познаници, со кои се служел во КГБ, не разбира германски јазик и морале да му преведуваат, престанува да спортува, често зборува напамет, ги меша фактите од сопствената биографија, излегува дека

истовремено е на различни места? …

Тоа се факти од кои логично може да се направи заклучок дека вистинскиот Владимир Владимирович Путин или е мртов, или е неспособен да управува со земјата во последните неколку години. Сето ова ја објаснува и бизарноста со разводот на семејството Путин. Претседателот на Русија е познат на пошироката јавност од 1999 година, но многу луѓе го знаат и од порано, кога е на работа во администрацијата на Собчак. Така што целиот период на неговата активност и појавите меѓу општеството ги опфаќаат последните 20 години. Имајќи на рака фотографии на Путин од оние години, воопшто не е тешко да се направи негов двојник. На страницата со неговите слики, можат да се видат

четворица сосема различни луѓе, кои се … Путин

Кај нив и формата на черепот е различна, со оглед на длабочината на очите, обликот на подбрадичката и на коските на јаболчниците. Разлика може да се забележи и кај носот, усните и образите, како и кај косата. На фотографија и снимка, претставен како официјално лице од Кремљ по 2000 година, можат да се разликуваат  минимум четворица Путиновци, од кои секој во еден или друг степен личи на Владимир Владимирович.

“А, како максимум, пишува уште во статијата на весникот” Шпигел “, веќе постојат вкупно шест лица, кои можат да се претстават за Путин.”

Претседателот на Русија Владимир Путин неодамна одговори на прашањата на новинарите дека со неговата поранешна сопруга се во добри односи – “дури подобри отколку што беа, кога биле во брак и дека се гледаат понекогаш. А она што го пишуваат во оние весници и списанија, е посебна тема.

“Вистината е дека Људмила е задоволна од својот живот, кај неа сè е во ред. Јас сум исто така задоволен и кај мене сè е во ред! А со овие интервјуа одамна сум се помирил, ги разбирам луѓето кои ги пишуваат, но за мене во овој момент не е најважно. Пак и не би влијаело на курсот на валутата и на цената на нафтата … “, вели Путин /Цитат од написот на весникот “Шпигел” /.


Ќерката Марија загинала во сообраќајна несреќа?

“Во сообраќајна несреќа загинала Марија Путин”- ова е информација која се појави во руските официјални сајтови само пред неколку дена. Жестоката несреќа во која загинала ќерката на Путин – Марија, се случила во Холандија. Несреќата се случила во близина на градот Ротердам. Марија патувала кон градот заедно со нејзиниот сопруг Јоррит Фаасен. На еден од свиоците моќниот автомобил “Ауди S8” се извртел на другата лента, каде се удира со огромно товарно возило. Загинатите немале никакви шанси за преживување. Од ударот возилото буквално било поделено на две. Зад воланот бил сопругот на Марија, кој всушност се покажува виновен за трагедијата, пишуваат локалните весници. Моќното “Ауди S8” се движело со брзина од 160 км / час. Возачот на тешкото товарно возило, исто така бил повреден, но лекарите успеале да го спасат. Тој и досега се наоѓал во една од ротердамските клиники. Оваа информација е од печатени изданија во Холандија, но официјална потврда од холандската полиција уште нема.



Путин веќе била премажена?

Се омажила за маж 20 години помлад од неа

За тоа пишува руското издание “Соговорникот”. Според податоците на весникот, 58-годишната Људмила склучила официјално брак со 37-годишниот шеф на Центарот за развој на интерперсонални комуникации (ЦРМК) Артур Очеретниј кој е помлад од неа 20 години. Покрај тоа поранешната сопруга на претседателот на Русија го сменила и презимето и веќе била со презимето Очеретнаја. Ова се потврдува со фактот дека уште во август 2015 година станот во Петербург, кој претходно беше во сопственост на Људмила Александров Путин, веќе се води во сопственост на Људмила Александров Очеретнаја. Податоците на лицето се совпаѓаат со оние на поранешната прва дама на Русија. Во печатот се појавија фотографии од свадбата на Људмила со Артур, како и нови детали од животот на младенците.


Напомена: Сите овие факти се шокантни и тешко е да се прифатат како вистина, но тие се објавени во различни медиуми во Русија, а официјален демант од администрацијата на Путин нема. Руски новинари се обидуваат да ја пронајдат поранешната прва дама на Русија, но се чини дека тоа е невозможно. Гласините за нејзиниот престој се контрадикторни – дека е мажена во странство, дека е во манастир, дека е во психијатриска клиника и др. Интересот од страна на медиумите кон поранешната двојка Путин се претвора во лавина – сè повеќе се засилува по објавеното интервју со откровенијата на Људмила Путин во германскиот весник, но никој не може да каже колку е веродостојно. Новинари, блогери и корисници на социјалните мрежи се обидуваат да добијат во рацете нови детали, проучувајќи го буква по буква сето пишано тука. Вистината е дека за Људмила Путин денес не се знае речиси ништо! 

Слични содржини