Луис Енрике: Плативме за грешките во Торино

од Vladimir Zorba

Барселона си плаќаат за грешките од првиот натпревар во Италија, изјави тренерот на каталонците Луис Енрике против Јувентус во средба-реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Барса отпадна откако голот на Џорџо Киелини и двата на Пауло Дибала во Торино се покажаа како единствените во дуелот помеѓу двата тима. “Ќе се сеќавам долго време по првото полувреме во Торино. Учеството во овогодинешното издание на Лигата на Шампионите е незаборавно, но особено во првите 45 минути во Италија каде игравме многу слабо и си ги плативме грешките”, изјави Енрике по нерешениот натпревар од 0: 0 во Шпанија.

Барселона упати 19 удари кон голот на гостите, но само еден од нив, дело на Лионел Меси, претставуваше опасност за Џанлуиџи Буфон. Нејмар, Андрес Иниеста и Серж Роберто избрзани во ситуациите пред одбраната на торинци не му се допадна на Енрике. “Требаше да бидеме спокојни и прагматични. Се обидовме да направиме се што можеме и упативме многу удари, но само еден се најде во голот.

 

Слични содржини