Луис ван Гал: Не би го презел ПСЖ, францускиот ми е тежок

од Vladimir Zorba

Поранешниот тренер на Холандија, Луис ван Гал, објасни зошто тој не водел друг тим по неговото отпуштање во 2016 година од Манчестер Јунајтед.

„Добивам понуди секоја недела. Но кога си ги тренирал Ајакс, Барселона, Холандија, Баерн и Манчестер Јунајтед, многу тешко ќе пројавиш интерес кон секој друг предлог“, прокоментира ексцентричниот специјалист.

„Откажав предлози од учесници на Светското првенство. Ми дава 25 милиони во Кина. Проектот на ПСЖ? Интересен е, но јас не можам едноставно да ги преземам. Ќе треба да учам нов странски јазик, а францускиот ми е тежок“, додаде во неговиот типичен стил Ван Гал.

Слични содржини