Лук Еванс за малку ќе ја одбиел улогата во „Убавицата и ѕверот“

од Vladimir Zorba

Американскиот актер Лук Еванс бил на пат да ја одбие улогата на Гастон во “Убавицата и ѕверот”. Откритието доаѓа неколку часа по светската премиера на филмот на анимацијата на “Дизни”. Тој ја променил својата одлука, само за да ги израдува своите деца со учеството во приказната.

37-годишниот Еванс вели дека неговите агенти тешко се борат за неговото учество, бидејќи тој не паѓа на анимации особено многу. Потоа сепак се сетил колку ќе се радуваат неговите деца кога го видат во филмот, макар и во улогата на негативец.

Лук споделува исто така, дека не се чувствува толку силен во глумата.

” Ако има едно нешто во што ќе се чувствувам удобно да го правам цел живот, тоа е пеењето. Тоа е како терапија за мене. Јас ќе пеам во секое време. Затоа бев среќен сепак да прифатам улога во која треба да се справам и со музички предизвик “, раскажува тој.

Во однос критиките за хомосексуални сцени во филмот, Еванс изјави: “Не мислам дека има нешто погрешно во филмот. Според мене Лофу и Гастон се само добри пријатели “.

Слични содржини