Лукаку е нов клиент на Џеј Зи

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку одлучи да ја раскине соработката со менаџерот Мино Раиола и во иднина ќе го претставува агенцијата „Рок Нејшн Спортс“ на чие чело се наоѓа познатиот рапер Џеј Зи.

Тој оваа промена дури сега ја објави на социјалните мрежи, иако договорот со агенцијата на познатиот рапер бил склучен уште пред еден месец.

Дека Лукаку е нов клиент на Џеј Зи можеше да се насети уште на натпреварот со Борнмут, кога тој по постигнатиот гол со рацете покажа знак за дијамант, кој раперот како симбол го користи со години.

Слични содржини