Мајорка, најголемиот шпански остров, е атрактивно место за летна забава. Илјадници луѓе го избираат токму тоа прекрасно место за да го искористат својот одмор на најдобар можен начин.993562ac3b77097f4b8c0999dd0eaf4a

Од неодамна на островот ги чека пријатно изненадување – хотелот Cap Rocat нуди три луксузни нови станови . Самото одморалиште ги отвора своите врати во 2010 година и стана омилено место на луѓето кои бараат чист медитерански луксуз.

Интересно е дека најимпресивниот ризорт всушност е реновирана потоната воена тврдина од 19 век. Таа нуди вкупно 25 станови – секој со свои удобности и сепак, го носи духот на минатото.

Првично трите нови станови биле места за набљудување, врежани во карпите. Хотелот  располага со приватен полуостров со поглед на заливот на Палма . Елегантните станови идеално се спојуваат со околните природни карактеристики и импресионираат со посебен ентериер .

Рачно изработени килими и големи огледала , кои ја рефлектираат златната светлина од морето се само дел од деталите кои создаваат атмосфера во Cap Rocat. Друго карактеристично за новите станови е дека тие ја обезбедуваат приватноста на гостите.

Секој апартман има сопствена тераса, мал базен и отворено катче. Но, за да се убедите во магијата на шпанскиот хотел, едноставно посетете ја нашата галерија.

Слични содржини