Дали ви се допаѓа лутата храна? Е, сега ќе имате уште една причина да ја засакате!f026b1f87a92d67975f0ab9f8c778a42

Пикантната храна која се консумира секој ден во мали количини, го намалува ризикот од предвремена смртност за 14%. Тоа го воспоставува истражување, кое беше објавено во BMJ Journal, пишува prevention.com.

Истражувачите ги одредуваат лутите зачини и производи како особено корисни поради присуството на биоактивни состојки и особено  капсаицинот, кој има докажани бенефиции при антиканцероген и антихипертензивен ефект, односно го намалува крвниот притисок. Сите овие корисни својства на производите кои го содржат капсаицинот, штитат од рак, кардиоваскуларни болести и страдања на дишните патишта. Зачинетата храна исто ја менува цревната микрофлора и ја провоцира синтезата на корисни бактерии.

Истражувањето е спроведено врз 500 илјади Кинези. Авторите на истражувањето велат дека луѓето кои јадат чили се со поголема веројатност да консумираат и бибер, ким, црвен пипер, ѓумбир во своето дневно готвење.

Овие зачини испорачуваат неверојатни здравствени придобивки и затоа треба да бидат незаменлив составен дел од менито, категорични се научниците. Ова не е првата студија во оваа насока. Пикантната храна е позната по своите придобивки. Докажано е уште дека таа помага за намалување на апетитот и хо убрзува метаболизмот. Најлутата храна е способна да го активира согорувањето на масно ткиво.

Што чекате? Каснете си лутичко! Корисно е!

Слични содржини