“Мадам Тисо” ги раздели Џоли и Пит

од Vladimir Zorba

a23d9ce8d732774a9ce5782ef974a52e

Лондонскиот музеј “Мадам Тисосо” покажа флексибилност и свест и ги подели восочни фигури на Анџелина Џоли и Бред Пит. Како што е познато холивудската двојка е во процес на развод, откако вчера актерката и официјално ги поднесе документите.

– Ние реагиравме брзо на вчерашните вести за разделувањето на Анџелина Џоли и Бред Пит и нивниот план дa се разведaт, рече портпаролката на познатиот музеј.

Восочните фигури на холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, кои се поставени во 2013 година, сега се на „пристојна оддалеченoст“ една од друга, истакна потпаролката.

Анџелина сега и прави друштво на Никол Кидман, додека Бред e покрај свojот колега, со кој повеќе пати играше Могран Фримен.
Во исто време француската актерка Марион Котијар негираше дека имала љубовна или каква било друга врска со Бред Пит за време на снимањето на најновиот нивни филм. Котијар додаде дека се почувствувала скршена поради гласините дека токму таа е причина за разделбата на Бранџелина.

Слични содржини