Мадона: Ме притискаат зашто сум поинаква и имам млади љубовници

од Vladimir Zorba

Поп иконата Мадона изјави списанието “Харперс базар”, дека се чувствува “потисната” и е уморна критиките дека има врски со многу помлади мажи – плод на двојни стандарди по половиот знак.

58-годишната ѕвезда вели дека во текот на целата кариера трпела неодобрување, покрај професионалните успеси.

“Секогаш сум се чувствувала потисната”, признава Мадона. “Во голема мера тоа е затоа што сум жена и одбивам да водам обичен живот. Создадов многу нестандардно семејство “, вели пејачката.

“Имам љубовници кои се 30 години помлади од мене. Тоа ги тера луѓето да се чувствуваат непријатно. Имам чувство дека сè што правам, создава непријатно чувство на околината “, смета Мадона.

Познато е дека пејачката имала романтична врска со голем број на мажи кои не наполниле 30 години. Неодамна меѓу нив е африканскиот Манекен Абубакар Сумаоро, а пред тоа актуелни беа – францускиот кореограф Браим Зајбат и холандскиот танчер Тимор Стефенс.

Мадона исто така, истакна дека гледа сексизам и во прашањето зошто уште не е повлечена од сцената. “Го прашал ли некој Пабло Пикасо зошто откаконаполни 80 години, не се откаже од цртањето? Не! Доста ми од ова прашање! “, пресече Мадона.

Минатата година Мадона направи светска турнеја за последниот албум Rebel Heart, а наскоро ќе го режира филмот Loved. Таа е автор на сценариото – адаптација на романот “Невозможните животи на Грета Велс” за жена која е транспортирана на различни места за лекување на депресија.

Слични содржини