Мадона пак си фати „јагнешко“ – излегува со 30 годишен модел

од Vladimir Zorba

Мадона го продолжува својот тренд да излегува со доста помлади од неа мажи. Овој пат “јагнешкото” е моделот Кевин Сампајо, како тој дури и се пресели да живее во Њујорк, за да биде поблиску до неа.

Претходниот љубовник на ѕвездата – 26-годишниот Абубакар Сумахоро, бил исклучен, бидејќи многу се мешал во воспитувањето на децата, тврди  “Њујорк пост”. Тој живееше со пејачката во њујоршката нејзина куќа.

Мадона го познава Кевин Сампајо речиси две години. Уште тогаш си се допаднале, но нивната блискост е  пламната од неодамна.

Двајцата биле на романтичен одмор во Лисабон, каде подобро можат да се сокријат од туѓото љубопитство. Мадона, која има 58 години, се е двоумела дали да ја обелодени врската, бидејќи сакала да е сигурна дека може да се довери на Кевин.

Тој се покажал како дискретен и ѝ ја поддржувал кариерата.

Слични содржини