Претходно премиерот на Шпанија Маријано Рахој исто така, рече дека ” нема да исклучи ништо во рамките на законот “, ако Каталонија одлучи да се отцепи.

Се очекува утре, каталонскиот водач Карлес Пучадедон да разговара со локалниот парламент и на крајот да прогласи независност.

Но, Сантамарија предупреди дека ако ” еднострано се прогласи независност , ќе има последици”.

  Член 155 од Основниот закон на Шпанија може да и  дозволи на мадридската влада да ја укине автономијата на Каталонија , да го распушти локалниот парламент и да интервенира во администрацијата на регионот.
 Сметано како екстремна мерка, таа никогаш не се применувала во историјата на земјата.