Мадсен осуден на доживотен затвор за убиството на новинарката Ким Вал на подморницата

од desk2

 

Данскиот инженер Петер Мадсен осуден е на доживотна робија без можност за условно отслужување на казната за убиството на шведската новинарка Ким Вал во својата подморница.

Обвинителите наведуваат дека Мадесн планирал да ја убие новинарката со гушење или така што ќе и го пресече грлото, јави BBC.

Делови од телото на новинарката најдени се во заливот кај Копенхаген на 21 август лани, 11 дена откако заминала да прави интервју со Мадсен на неговата подморница која сам ја направи.

Неговиот адвокат најави дека ќе ја обжали пресудата.

Мадсен, 47, призна дека го расчеречил теото на 30-годипната новинарка, и ги фрлил остатоците во морето, но тврди дека смртта настапила како несреќа.

Тој неколкупати ја менуваше својата приказна. Најпрво тврдеше дека во неа удрила тешка врата од подморницата, па дека се загушила од пад на притисокот.

Според обвинителот, Мадесн ја убил Вал како дел од сексуална фантазија, со оглед на видеата што претходно ги гледал, а беа најдени во неговиот компјутер и телефон, но и со оглед на 14 убодни рани во пределот на гениталиите.

Покрај сведоштвата на повеќе експерти, не е возможно да се утврди точната причина за смртта на новинарката.

Според аутопсијата најверојатно е задушена или и е пресечено грлото.

Психијатрите кои го оценуваа Мадсен, кој пак пред пријателите се опишувал како психопат, но некој што го сакате, сметаат дека е патолошки лажго, кој е опасност за другите, и кој е подготвен повеќепати да нападне.

Слични содржини